Visa и Mastercard дадени на суд!

47
Фото - Pixabay

Стотина трговци oд Британија им поднесоа тужби на Американските компании кои го организираат картичното работење – Visa и Mastercard.

Според обвиненијата, овие две компании нереално високо ги кренале цените на надоместокот за плаќање со картичките, без никакви докази дека повисоката цена го подигнала и квалитетот на услугата која им се испорачува на клиентите.

Според проценката на Британскиот регулатор на платниот систем, подигнатите цени за надомест ги чинат Британските компании дополнителни 250 милиони фунти!

Според истото тело, во изминатите пет години, надоместокот за користење на овие платежни дебитни и кредитни картички, е зголемен за неверојатни 30%.

Останува да видиме дали овој судски спор ќе има позитивна разрешница за трговците.

Реклама