Францускиот технолошки гигант, VALEO, производител на бројни електрични, светлосни и други компоненти во моторните возила ги објави своите финансиски резултати за 2021 година.
Според извештајот, компанијата oстварила :
- Продажба од 17,262 милиони евра (што е за 5% подобар резултат од 2020 година)
- EBITDA (добивка пред камати, депресијација, даноци и амортизација) со маржа од 13.4% oд продажбата (прометот)
- Слободен готовински тек од 292 милиони евра
Како резултат на позитивните резултати, се бара покачување на дивидендата по акција за 0,35 евра (пораст за 17% споредено со 2020 година).