Производителот на луксузни часовници Vacheron Constantin, отвори нов, ултра модерен салон на два спрата во Њујорк во кој можете да ги видите најдобрите часовникарски парчиња од оваа марка.
Ова е најголемиот и најлуксузниот бутик на познатата марка.
Во него, фановите со длабоки џепови, можат да си набават некој од vintage моделите кои чинат од 15.000 до 300.000 долари.
Во бутикот можат да се видат и часовниците “Les Cabinotiers” наменети само за VVIP колекционерии кои се произведуваат во лимитирана серија од само 25 парчиња годишно. Тие се држат на посебен спрат во бутикот, на кој се влегува само со одобрение.

На вториот спрат од објектот има и посебен бар на кој можете да изберете и кастомизирате ремче за вашиот часовник, а на него можете и да изгравирате име или порака.
Тука е и експертот часовничар, со кого можете да имате интеракција и да поразговарате на часовничарски теми.
Според извршниот директор на Vacheron компанијата планира да отвори уште неколку вакви бутици, пред се во Лондон, Токио, а можеби и на други стратешки точки на планетата.