01/10/2022
spot_img
домаАвто ВестиУникатен, еколошки MINI STRIP креиран од Пол Смит

Уникатен, еколошки MINI STRIP креиран од Пол Смит

Пол Смит, е еден од најпознатите модни дизајнери од Велика Британија, кој за своите постигнувања во професијата е одликуван со титулата Сир.

Човекот кој својот белег главно го оставал во креирањето високо модни парчиња (облека) за мажи, ја носи титулата Кралски Дизајнер за индустријата во Британија.

Кога го знаете ова, јасно е колкава љубов и ентузијазам посветиле дизајнерите и креаторите од BMW, кога започнал проектот со Пол Смит, за изработка на еден, уникатен, MINI автомобил кој не е за продажба.

Моделот го носи името MINI STRIP, и за прв пат беше презентиран во Лондон, на 12ти Август.

Премиерата во Лондон беше кулминација на соработката на двата истакнати Британски брендови (Пол Смит и MINI) која започна минатиот ноември.

Темата по која се водеа дизајнерите во креирањето на уникатниот примерок беше – Едноставност, Транспарентност, Одржливост.

Како што кажува самото име – STRIP, во проектот автомобиот бил целосно соголен до неговата суштина, а подоцна развиван и дизајниран од нула.

И како што вели Оливер Хаилмер, дизајнерот на MINI, од концептот во кој Пол Смит, влегол целосно неоптоварен со стереотипите во авто индустријата можат да се извлечат многу идеи кои можат да се употребуваат во понатамошно развивање на сериските модели.

Пол Смит изјави дека тој отсекогаш го сакал дизајнот и основата на MINI, но во дадениот проект, респектирајќи го минатото, тој додава една нишка на иднина. Како смета дека треба MINI да се развива во иднината.

Со заеднички сили тровратниот MINI Cooper SE е доведен до совршена несовршеност.

Ставен е акцент на минималистичкиот дизајн, автомобилот ја задржува речиси фабричката боја, со само тенок слој на заштитна боја од корозија.

Оставени се недопрени малите несовршености и гребнатинки од производството кои му даваат некаква едноставност и суровост на автомобилот. А тоа треба да не потсети дека автомобилот е сепак функционално средство со кое се возиме во секојдневниот живот.

Па сепак, како и секој дизајнер, јасно е дека и Пол Смит, уживал во завршните детали.

Јасно воочливи се повеќето слоеви боја и детали со кои се украсени ентериерните елементи на MINI STRIP.

И во ентериерот се чини дека Смит ја следел максимата на Едноставност и Транспарентност.

Намерно се извадени сите елементи на тримот, освен инструмент таблата и горниот панел над воланот, со што автомобилската школка – доминира во ентериерот и е обоена во сина боја на барање на Британскиот кралски дизајнер.

Панелите на вратите и горниот трим, се изработени од плута, природен материјал кој целосно се рециклира, уште една порака за еколошки ориентираните авто компании. Идеја, која може преку користењето на овој материјал да ги замени пластичните пени од кои се изработува внатрешниот трим на автомобилите.

Сите елементи, вклучувајќи го и воланот, се симплифицирани, поедноставени, доведени до својата основна форма и функција.

Подот на кој се прицврстени седиштата, е исто така оставен на својата сурова, метална конструкција, обоена во препознатливата сина боја на амбиентот.

Останува да видиме, колку овие идеи и концепти од возбудливиот дизајнерски проект, ќе се одомаќинат во моделите на MINI но и во останатите автомобили на денешницата и иднината.

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...