Умираат ли малите семејни бизниси?

32
Фото - Pixabay

Силната порака која на табла за пишување пред својот локал во Америка, ја напишал сопственикот предизвика вистинска бура на социјалните мрежи.

На пораката е напишано :

Кога купувате од мал бизнис, не му помагате на некој директор да си ја купи третата викендица за одмор. Му помагате на мало девојченце да си плати за своите часови по танцување, на некое момче да си го купи дресот на омилениот клуб, на некои мајки и татковци да стават храна на масата. Затоа – купувајте локално.

Во своите реакции на платформата X огромен број на корисници ја поддржуваат иницијативата и сметаат дека навистина треба да се купува во малите продавнички и бизниси, а друга групација изјавува дека такви локални бизниси веќе и нема во нивната околина.

Според статистичките податоци, околу 50% од малите бизниси кои се отвараат во САД, згаснуваат во првите две години од своето основање, а околу 66% се соочуаат со сериозни финансиски проблеми.

Реклама