Турција се врти кон БРИКС

15
Фото - Pixabay

Турскиот министер за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, за време на неговата посета на Кина, изјави дека Русија сака да стане членка на заедницата БРИКС.

Ваквата изјава, очекувано наиде на огромно одобрување од страна на Русија, која дури предложи на следниот Самит на организацијата да се дискутира за можноста да се прими и Турција како полноправна членка.

Фидан, изјавил дека на БРИКС смета како на добра алтернатива на Европската Унија, која поради идентитетски политики и прашања, предолго ги развлекува преговорите за членство на Турција.

А во една таква ситуација, имајќи предвид дека главниот столб на надворешната политика на Турција е да гради институционални економски врски, нивната земја мора да бара алтернатива.

Реклама