Tретина од автобусите во Европа до 2030 година ќе бидат еколошки

429
Фото - Pexels

Според последните анализа на компанијата за финансиски консалтинг – ING до 2030 година 30% од автобусите кои циркулираат во јавниот превоз во Европа (ги има вкупно околу 200.000) ќе бидат не само еколошки туку и со 0 емисија!

Во таа, 2030 година се очекува две третини од вкупно направените нови регистрации на автобуси да отпаѓа токму на автобусите со 0 емисија.

Според анализата, клучна година на пресврт, од која ќе започне револуцијата во новите регистрации на автобуси со 0 емисија е 2023 година.

Во моментов, само околу 4% од регистрациите отпаѓаат на еколошки автобуси.

Според извештајот, во 2023 година се очекува бројката на новорегистрирани автобуси со 0 емисија да изнесува сериозни 2.450 нови автобуси, по што, секоја наредна година бројката ќе се движи околу 4.000.

На тој начи и со тоа силно темпо, компаниите за јавен транспорт, до 2030 година ќе стигнат до проектираната бројка (процент) од 30%.