Tрамп осуден!

73

Поранешниот Американски претседател Доналд Трамп е осуден по сите 34 точки од обвинението за фалсификување на финансиските извештаи, со што директно влијаел на резултатите од претходните претседателски избори.

Оваа информација одекна како бомба во сите медиуми во светот.

Официјалната пресуда на која ќе биде одредена и казната за Трамп, треба да биде донесена на 11 Јули.

Делото за кое се товари, е во помалку сериозните кривични дела за кои максималната предвидена казна е 4 години, иако малкумина сметаат дека тој може да заработи затворска казна. Најверојатно казната ќе биде одредена глоба, финансиска казна или општествено корисна работа.

Но, несомнено, можеме да очекуваме дека оваа пресуда која е преседан во историјата на САД (досега нема ниту еден обвинет Американски претседател) ќе има влијание на следните претседателски избори, за кои е Трамп повторно најавен да се кандидира.

За што е всушност осуден Трамп?

Обвинението против Трамп главно се врти околу тоа дека поранешниот претседател на својот адвокат во неколку наврати му пуштал пари во вкупна вредност од околу 130.000 долари, а овие исплати нелегално ги именувал како “aдвокатски трошоци”.

Според сведоците, оваа сума, наводно и била исплатена на порно ѕвездата Сторми Даниелс, за да ја замолчат, да не зборува пред изборите за нејзината врска со Трамп.

Според поротниците, ваквата постапка на Трамп е спротивна на законите за избори во САД, а фалсификатот и незаконитите влијанија имале директен ефект врз исходот на изборите.

Сторми Даниелс – во фокусот на вниманието

Пресудата предизвика општ хаос во Америка.

Џо Бајден и Демократите ликуваат, тврдејќи дека правдата победила, додека другата страна, Републиканците, сметаат дека пресудата е резултат на корумпирано судство, кое под адмиистрацијата на Џо Бајден е донесено на најниското можно ниво.

Трамп, секако изјави дека ќе се жали на пресудата и дека воопшто не размислува да се повлече од својата кандидатура за следен претседател на Америка.

Реклама