Teст на зимски гуми на Auto Bild. 205/55 R16

425

На последниот тест на најпознатиот автомобилистички магазин во Германија Auto Bild за најдобри зимски гуми во димензијата 205/55 R16, борбата беше тесна, но како победник се издвои Германската – Continental WinterContact TS870.

Во изборот беа селектирани 50 гуми (пневматици), кои по првото тестирање на влажна подлога и снег, беа намалени на 20.

По завршените тестирања, за малку, избраната Continental WinterContact TS870 ја победи Michelin Alpin 6.

Според резултатите на тестот, на делба на третото место се наоѓаат Kleber Krisalp HP3 и Vredestein Wintrac, по што следуваат гумите на Bridgestone, Hankook и Goodyear.

Германската гума Continental во тестот на сите патеки и услови, покажа конзистентност и одлични перформанси во сите категории, а дополнително, покажа и најдобри резултати во сферата на абењето (трошењето).