Tesla примил повеќе од милион порачки за Cybertruck

23

Aмериканскиот производител на електрични возила Тесла, за година ипол по официјалната промоција на камионетот Cybertruck, веќе има примено 1.084.200 потенцијални купувачи.

За да се запишат на листата, потенцијалните купувачи на камионетот од иднината, требаше да уплатат симболични 100 долари.

Но кога ќе ја соберете вкупната цифра, се работи за убави 108 милиони долари, кои Тесла ги собрала и веројатно помогнале во секојдневното финансирање на операциите.

Во секој случај, порачките не се обврзувачки, а клиентите може да се откажат од порачката, доколку во меѓувреме се предомислиле.

Од Тесла информираат дека најголемиот број клиенти се интересирале и го порачале моделот со погон на сите тркала и со два електромотори кои гарантираат автономија од 480 километри со полни батерии.

Цената на овој камионет ќе чини 49.990 долари.