Tesla ќе ги отвори своите суперполначи и за други брендови

46

Најпознатиот светски производител на електрични возила, Tesla, кон крајот на годината ќе ги отвори своите суперполначи, и ќе дозволи да се користат за полнење на електричните возила и од останатите брендови.

Во моментов, Tesla има околу 25.000 полначи во светот.

Според одредени информации, сопственикот на Tesla, Елон Маск, бил притиснат од повеќе држави, особено од Германија, да ги декодира своите полначи и направи достапни за сите електрични возила на пазарот.

На тој начин, дополнително ќе се стимулира продажбата и користењето на еколошките автомобили.

Како една од најголемите кочници во понатамошниот развој на еколошките електрични возила, најчесто се потенцира, токму слабата покриеност на мрежата на полначи во светот.