Од најновите статистички податоци за пазарот на електрични автомобили во Соединетите Американски Држави, може да се потенцираат неколку работи:
- Во првите осум месеци од 2021 година, продадени се 294,218 возила на електричен погон во Америка.
- Оваа бројка е само 2,7% од вкупната бројка на продадени возила на пазарот.
- Но, претставува раст во споредба со 2020 година од 114% (повеќе од двојно) што доволно зборува за трендот и просторот за развој.
- Во таа бројка, Тesla со своите автомобили учествува со 194,165 единици (66% од вкупната продажба на автомобилите од оваа класа).
Ова уште еднаш покажува дека пазарот на електричните возила е во сериозен раст, а притоа Американската Tesla, на домашно тло остварува тотална доминација.
Од вкупната бројка на продадени возила над 186 илјади примероци (кои на брендот Tesla му ги носат првото и второто место на продажната табела) отпаѓаат на новиот мал eлектричен SUV за кој неодамна пишувавме – Model Y (105.445 возила) и Model 3 (80.681).
Далеку под овие продажни бројки следуваат – Chevrolet Bolt, Ford Mustang Mach-E, Volkswagen ID.4…. a во топ 11 најпродаваните електрични возила место има повторно и за пулените на Tesla – Model S и Мodel X.

Во поглед на најпродаваните модели, вака изгледа пазарот на автомобили на електричен погон во САД објавен во “InsideEv” :
Регистрирани возила во САД – Јануари – Август 2021
- Tesla Model Y – 105,445 (36% oд сите електрични возила)
- Tesla Model 3 – 80,681 (27% од сите електрични возила)
- Chevrolet Bolt EV/EUV – 22,799
- Ford Mustang Mach-E – 15,938
- Volkswagen ID.4 – 10,685
- Nissan LEAF – 10,238
- Hyundai Kona Electric – 7,349
- Porsche Taycan (во сите верзии) – 6,822
- Tesla Model S – 6,212
- Audi e-tron (сите SUV/Sportback верзии) – 5,612
- Tesla Model X – 1,827 (пад од 84% од 11,302)
- други – 20,610
- Вкупно – 294,218 (пораст од 114% од 137,176 во 2020 година)