Tec Doc. Онлајн софтвер за резервни делови

98

Tec Doc е најдобриот и најупотребуваниот онлајн каталог за резервни делови во светот. Го користат сите автоексперти – сервисери, механичари и вработени во специјализираните бизниси за резервни делови – дистрибутери и продавници за делови. Со Tec Doc можете брзо, ефикасно и прецизно да ги најдете оригиналните каталошки броеви на резервните делови со кои полесно и побрзо ќе ги услужите вашите клиенти.

Во Tec Doc ќе ја најдете најголемата датабаза – прибрана и систематизирана од 700 производители на резервни делови, со повеќе од 7 милиони каталошки броеви и резервни делови, со покриени – 60.000 патнички возила, 40.000 комерцијални возила… Датабаза која континуирано се зголемува и обновува.

Со бројните филтри и опции, најлесно и најбрзо ќе дојдете до оригиналниот каталошки број што ви треба. Пребарување по марка и модел на возило, број на шасија, име на делот што ви треба, каталошки број на делот… Бројни интуитивни опции, слики, графици и шеми со кои брзо ќе стигнете до бараната информација.

Оригинални каталошки броеви

Со Tec Doc, на секое продажно место брзо и ефикасно ќе ги пронајдете сите оригинални делови за возилото, по оригинални каталошки броеви (на производителите на делови), а во голем број случаи и по оригиналните каталошки броеви на производителите на возила.

Податоците се збогтени и со технички цртежи, информации, димензии и видео материјали, со кои се овозможува да ги пронајдете вистинските делови – од прва.

Со претплата на Tec Doc – добивате линк, корисничко име (username) и лозинка (password) со кои директно се логирате на веб решението на најдобриот каталог за резервни делови. Каталогот е секогаш свеж, апдејтиран и наполнет со најнови информации – за најновите возила на пазарот.

Корисничкиот профил останува на важност – 12 месеци од денот на регистрација.

Повеќе информации и порачка на софтверот можете да направите во Ауто Тренд.

Реклама