СЗО со шокантно сознание. Двојно повеќе смртни случаи од пријавените

33
Ќе донесат ли крај на пандемијата вакцините? Фото - Freepik

Во последната анализа на Светската Здравствена Организација, се заклучува дека бројот на смртни случаи, кои настанале како директен или индиректен резултат на пандемијата Ковид-19 бил речиси двојно поголем од пријавениот.

Се проценува дека во 2020 година, животот го загубиле околу 3 милиони луѓе, наспроти официјално пријавените 1,8 милиони.

До овој момент, статистиката вели дека животот го загубиле 3,48 милиони луѓе.

Како причина за поголемата бројка од пријавената, СЗО, ги наведува главно, грешно дијагностицираните луѓе, слабите здравствени системи во одредени земји на планетата, како и смртните случаи кај кои како главна причина за смртта бил наведен друг фактор или друга болест.