SWOT анализата е лесна но истовремено и моќна алатка преку која менаџерите можат да ги идентификуваат внатрешните и надворешни фактори кои може да влијаат на перформансите на организацијата, низ секој сектор од нејзиното оперирање.
SWOT анализата е креирана во 1966 година од страна на консултантот по менаџмент Алберт С. Хемфри. Со оваа моќна алатка, менаџерите ги идентификуваат четирите основни елементи
- Strenghts (силни страни)
- Weaknesses (слабости)
- Opportunities (можности)
- Threats (опасности)
Анализата може да се искористи во секојдневната работа, при лансирање на нови проекти, или при развој на нови деловни стратегии.
Може да се искористи и да се дефинираат долгорочните деловни можности.
Анализата обично започнува со дефинирањето на внатрешните фактори во организацијата. Се идентификуваат внатрешните силни и слаби страни на компанијата. Се работи за фактори врз кои може да влијае менаџерот, како што се персоналот, производно портфолио, маркетинг експертиза, капацитет на производство, организациска структура.
По ова, менаџерот треба да ги утврди и надворешните можности и опасности, како фактори на кои менаџерот и организацијата немаат директно влијание. Такви може да бидат – промена на навиките на потрошувачите, заштитата на животната средина, технолошките напредоци кои може да трансформираат одредени процеси и активности.
Со помош на елементите на SWOT анализата, менаџерите може да ги направат и своите предвидувања. Преку идентификуваните внатрешни и надворешни фактори, кои влијаат на бизнисот, тие може да го предвидат и проектираат нивното влијание врз целите на организацијата.
SWOT анализата најдобро функционира кога на елементите се поставуваат отворени прашања, како на пример
- Strenghts (силни страни) – Што сакаат нашите клиенти во нашите производи и услуги? Што правиме подобро од нашите конкуренти во дејноста?
- Weaknesses (слабости) – Што би можеле да подобриме? Зошто клиентите не купуваат од нас?
- Opportunities (можности) – кои промени кај нашите конкуренти можеме да ги искористиме?
- Threats (опасности) – што би можеле да направат нашите конкуренти, а да има директно влијание на нашиот бизнис? Кои навики за купување може да влијаат на нашето работење?