Светска премиера на новиот VW Tiguan!

15

VW ја најави сосема новата, трета генерација на најпродаваниот модел во моментот – Tiguan, малиот SUV кој од официјалното лансирање (2007) се продаде во повеќе од 7,6 милиони единици.

Новиот Tiguan се очекува во дилерствата во првиот квартал од следната 2024 година.

Фото – VW

Моделот ќе пристигне со нови хибридни погонски единици, кои имаат автономија на електрично возење од 100 километри.

Во сите е-хибридни модели, полнењето ќе биде побрзо, а ќе биде возможно и брзо DC полнење.

Инфотејнмент матрикс

Фото – VW

Во ентериерот е вградена новата четврта генерација на модуларниот инфотејнмент матрикс, кој нуди многу информации и можности за користење на бројни апликации. Модулите вклучуваат дигитален кокпит (инструменти со антирефлекс облога) во форма на таблет – поставен хоризонтално (landscape). Инфотејнмент екранот е од 15 инчи (38 сантиметри) со нова структура на менито, како и хед-ап дисплеј (проекција на ветробранското стакло).

Мотори

Новиот Tiguan ќе биде опремен со турбо дизел мотори (TDI), турбо бензински мотори (TSI), благи хибриди со турбо бензински мотор (eTSI) и со плаг-ин хибридни системи (eHybrid), кои во иднина ќе одат спарени само со автоматските менувачи (DSG).

Фото – VW

Менувањето брзини ќе се прави со прекинувач поставен на воланот од десната страна (види ја сликата подолу), како кај Volkswagen ID и новиот Passat.

Фото – VW

Моделот ќе биде опремен и со IQ.LIGHT HD matrix предни светла.

Фото – VW

Багажник

Во споредба со претходникот, багажникот на Tiguan е пораснат за 3 сантиметри, а вкупниот капацитет е пораснат на 652 литри.