Светска премиера на новата Opel Astra

Реклама

Германскиот бренд, кој неодамна од Американските (General Motors) прегратки премина во Француските (PSA) раце и’ ја претстави на светската јавност новата, шеста генерација на бестселерот од компактната класа, својата нова OPEL Astra.

Официјалната премиера на новата АSTRA се одржа во Раселсхајм, а како наслов на презентацијата беше искористен слоганот – A new Blitz is born (родена е новата молња).

Пред околу 180 новинари и околу 500 претставници на медиумите преку стрим во живо, заедно со АSTRA-та се промовираше и новиот директор на Опел, со тешко име – Уве Хохгешурц.

Неизоставен дел од презентацијата беше и Јурген Клоп, тренерот на фудбалскиот клуб – Ливерпул, кој истовремено е и Opel бренд Амбасадор и кој меѓу првите ова лето, имал можност да го проба тестниот модел во дизајнерското студио на Opel.

Сосема очекувано и во тренд со останатите модели на OPEL и новата АSTRA покрај традиционалните дизелски и бензински мотори, доаѓа и во комплетно електрифицирано издание, како и во plug-in hybrid варијанта.

Фантастичен автомобил! Прв пат во нашата историја воведуваме модел кој ќе биде достапен со погон на електрични батерии и како плаг ин хибрид. Сигурен сум дека новата Astra-e ќе привлече многу купувачи. – изјави новиот CEO, Уве Хохгешурц.

Tренерот Клоп, изјави дека имал можност да го управува предпродукцискиот камуфлиран плаг ин хибрид од кого е целосно импресиониран. Од моќта и тивкиот мотор. Од перформансите кои се специфични за спортски автомобили.

Новата ASTRA доаѓа 30 години по официјалното лансирање на моделот Kadett кој се смета за првиот компактен автомобил од кој подоцна произлегоа шест генерации на ASTRA продадени во 15 милиони единици.

Таа е компактна, динамична и го поседува предниот дизајнерски потег – Opel Vizor.

Во предната светлосна група на Астрата се вткаени 168 LED сијалички со напредното – Intelli-Lux LED® Pixel Light, светло.

Аналогните инструменти во внатрешноста одат во историја, а во ентериерот е вграден новиот Pure Panel.

За повеќе информации, уживајте во видеото од светската премиера на новата, шеста генерација на OPEL ASTRA.