30/09/2022
spot_img
домаЗдравјеСушачите на раце ширачи на бактерии и вируси

Сушачите на раце ширачи на бактерии и вируси

Страшната епидемија која го задеси човештвото не потсети колку е важно да се мијат темелно рацете и одржува сопствената хигиена.

Последните истражувања, уште еднаш потврдуваат дека е најдобро да ги избегнувате, колку е тоа можно, секако, јавните тоалети.

Но ако веќе морате да одите, топло ви препорачуваме да ги избегнувате автоматските сушачи на раце.

Според последните информации, сушењето на рацете со студен воздух, не само што не ги убива или намалува бактериите, туку ги шири насекаде во просторијата. Истото се случува и со сушачите кои испумпуваат жежок воздух, но во далеку помала доза.

Како тоа се случува?

По секое одење во тоалет и секое пуштање на вода, во воздухот се крева облак на бактерии и микроорганизми, кои се невидливи за човековото око. Кога ќе го вклучите сушачот за раце, тој го вшмукува воздухот затруен со бактерии – и истите, откако сте ги измиле рацете со сапун, ги враќа и таложи на вашите раце.

Тоа не значи дека автоматски ќе се заразите…

Некои од тие бактерии се безопасни за човекот кој стекнал имун систем, но може да бидат исклучително опасни за луѓе со паднат имунитет или некаква болест во себе.

Токму затоа во болниците, најчесто се користат хартиени бришачи.

Имајќи го погоре кажаното предвид, најдобриот совет кој може да се даде е да се користат, ако постојат во јавниот тоалет, хартиените бришачи… или да носите сопствени марамчиња и секако гел за дезинфекција на рацете.

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...