Продолжува судскиот процес за планираниот пуч во Германија

65

Судскиот процес на Германските власти, против организираната група од крајната “десница” која минатата година подготвувала пуч во Германија, влегува во завршната фаза.

Во европскиот финансиски центар, Франкфурт, во посебна, специјално заштитена зграда направена за овој процес, ќе се одржи судењето на третата група на конспиративци од крајната десница.

Пред судот ќе биде изведен и лидерот на групата, кој се именува како Крал Хајнрих XIII, богат агент за недвижности, заедно со неговата девојка од Руско потекло и со уште седдуммина основачи на организацијата.

Според обвинителите, организираната десничарска група, планирала пуч, во кој вооружена парамилитантна формација насилно ќе влезе во Парламентот во Берлин и ќе уапси одредена група на парламентарци. Планирано било пред камерите да се уапси и канцеларот Олаф Шолц, со надеж дека групата ќе наиде на одобрување и поддршка во јавноста.

Како кулминација на пучот, било планирано Кралот Хајнрих да се прогласи за нов канцелар.

Пучистите припаѓаат на се попопуларното движење Reichsbürger, кои не ја признаваат модерната Германска држава и сакаат истата да се врати во своите стари државни граници, од пред 1918 година.

За дел од јавноста, значењето кое се придава на оваа групација, која од властите е проценета на околу 23.000 члена, е напумпано. Но обвинителите сметаат поинаку… според нив, групата била многу внимателна и добро организирана. Имала собрано повеќе од половина милион евра во злато, а во масовните апсења минатата година се пронајдени и запленети стотици огнени оружја и илјадници парчиња муниција.

Според нив, групацијата била подготвена и чекала само на “денот x” кога треба планот да се активира. Иницијална каписла за нападот, се смета дека била смртта на Кралицата Елизабета Втора. Но токму пред почетокот на воениот удар, полицијата со масовни апсења, успеала да го осуети и спречи овој пеколен план.

Останува да видиме како ќе тече овој процес на деценијата во Германија.

Реклама