Слабости на франшизата

73
Фото - freepik

Франшизниот ланец во одредени ситуации може да биде и сериозно ранлив. Тргнувајќи од фактот дека клиентите ги доживуваат франшизните објекти како дел од една поголема групација, потфрлањето во квалитетот на производите, услугите и операциите кај само една компанија франшизант може да има сериозно негативно влијание врз целата мрежа.

Типичен е примерот со McDonalds во Соединетите Американски Држави во 1982 година. Во рестораните на McDonalds во Орегон и Мичиган, за време на промоцијата – 2 хамбургери по цена од еден, се случило труење со опасната бактерија ешерикија коли од која заболеле 47 луѓе. Причините за труењето најверојатно настанале од недоволно термички обработеното месо. Епидемијата со труење од храна предизвикала сериозни последици за комплетната франшизна мрежа на McDonalds во светот. Клиентите ги избегнувале рестораните на McDonalds во земјата иако за настанатиот проблем биле одговорни само две компании франшизанти, успедил неверојатно интензивен негативен публицитет за квалитетот на производите кои се нудат во овие ресторани, а тоа имало сериозен импакт врз перформансите и профитабиноста на целиот ланец.

Овој пример дополнително ја зацврстил неопходноста на компаниите франшизери многу потемелно и посериозно да ги бираат франшизантите, детално да ги дефинираат сите оперативни процедури за да се избегнат сличните грешки и да спроведуваат чести контроли на квалитеот на производството, складиштењето, услугата и сите оперативни активности на своите франшизни партнери. Притоа доколку се констатира незадоволителен квалитет на производите и услугите во мрежата франшизантите може да претрпат сериозни казни, пенали, а се разбира и евентуален раскин на договорот за соработка.