Пофалете ги вашите работници

87
Фото - Freepik

Респектот и вреднувањето се совршените мотивациски алатки кои не чинат ништо. Но некогаш навистина може а се чудиме колку оваа мотивациска техника малку се користи во секојдневната пракса. Има и такви ситуации во кои респектот се користи на пгрешен начин.

Повторно тргнете од себе. Зарем не е убаво на душата кога ќе ве повика вашиот шеф и ќе ви каже дека е задоволен од вашаа работа и вашите постигнувања? Кога ќе ви даде до знаење дека  ги следи и респектира вашите вонсериски залагања за остварување на врвни продажни резултати. Тоа е респектот. Тоа го сакаме сите. Не сакаме да вложувае труд кој никој нема да го цени. А колку ли само компании, колку ли само менџери ја прават и повторуваат токму оваа грешка…

Кога работите вредно и посветено, остварувате врвни резултати, ги натфрлате вашите таргети, а притоа немати никаква финансиска награда, а дополнително не добивате ниту една пофалба од вашите претпоставени…нормално е да се запрашате – зошто го правите сето тоа? Зошто се залагате повеќе од останатите? Зошто поминувате непроспиени ноќи дома рабтеќи а вашиот лап топ кога никој не го цени вашиот ангажман? Ваквата состојба на умот може да ве доведе до две патеки. Првата е да побарате нова работна средина, каде ќе го добиете фидбекот што го заслужувате, а втората патека е да се вклопите во сивилото и да го работите само она што морате. Она што е неопходно за да ги оправдате вашите лични примања и да останатете на работа.

За сите менаџери, основниот совет е јасен. Анализирајте ги резултатите на вашите работници. Воочете го вонсерискиот ангажман.

Ако забележите дека некој ваш работник останал прекувремено на работа за два или три часа, јавете му се. Прашајте го зошто се задржал повеќе на работното место? Поздравете го неговиот напор и псветеност. Понудете му помош.

Ако некој ваш клиент ви се јави да каже дека е презадоволен од односот на вашиот вработен. Јавете му се на работникот. Пренесете му ги позитивните импресии. Поздравете го неговиот ангажман. Бидете сигурни дека вашиот работник уште повеќе ќе се залага да го задоволи тој ,како и сите  останати клиенти.

Доколку во вашите извештаи за перформансите забележите сериозен напредок кај некое вработено лице. Повикајте го на разговор. Заблагодарете му се на ангажманот. Дајте му до знаење дека знаете и дека се интересирате. Ова ќе го катапултира неговиот понатамошен прогрес.

Она што е битно, е повторно овој систем да биде организиран и систематски. Нема да има апсолутно никаква вредност ако се сведе на средбите в ходникот на кои ќе му кажете на вашиот работник – Браво. Добра работа.

Уште помала ќе биде вредноста на овие пофалби ако се идентични и во континуитет.

Иак можеби на стартот ќе им се допаѓа на вашите вработени да ги фалите на јавно место, во еден момент оваа емоција ќе доживее трансформација. Браво за што? Што сум сработел добро? Зошто ме фали директорот? Па не сум направил ништо добро овој месец?

На тој начин од позитивен ефектот ќе стане негативен. Вработените со време ќе станат имуни на вашите пофалби и воопшто нема да ги земаат за важни. Ќе ви климнат во знак на прифаќање на пофалбата, но веднаш потоа ќе заборават и дека воопшто ве сретнале во ходникот.

Затоа…

Оценете ги вашите работници правилно. Видете кои работи ги извршиле со успех, а кај кои задачи отваруваат помали резултати. Повикајте ги на разговор. Пофалете ги, но нека оваа пофалба биде конкретна.

Ти благодарам за одличните залагања. Твоите продажни резултати се најдобри во одделението. Како го остваруваш тоа?

Или

Ти благодарам за залагањето. Процентот на задоволство на клиентите од тебе е највисок. Како ги остваруваш овие резултати?

Значи оваа метода е совршена за секој вид на организација. Се што ви треба е добриот систем на вреднување на работниците, малку време инвестирано за состанокот и тоа е се.

Некогаш можете да се зачудите од големината на ефектите коиоваа метода може да ги предизвика.