Покрај платата и бонусите (како финансиска компензација за вложениот труд и креативност), се разбира, постојат и други методи на мотивација и стимулирање на вработените. Многу Американски компании на пример, редовно ги применуваат специјалните наградни иницијативи за најдобрите вработени. Овие иницијативи може да бидат многу различни. Што поразлични, што покреативни, тоа подобро.
Еве неколку идеи :
- Пратете ги најдобрите работници во секторите (работниците со најдобри резултати) во кварталот на награден викенд во Венеција. Наградата нека биде за двајца. За работникот и неговата сопруга. Платете им ги авионските билети, платете им го престјот во хотел, дајте им дневници со кои ќе може да ги покријат своите трошоци. Организирајте и платете им романтична вечера во добар ресторан. Подгответе и писмо со благодарност на неговата сопруга. Заблагодарете и се за поддршката која му ја дава на својот партнер и извинете се за сите дополнтелни часови кои работникот, наместо со своето семејство ги поминал на работното место. Можете ли да замислите како ќе се чувствува вашиот работник по оваа романтична авантура која му ја подготвил неговиот шеф, неговиот генерален директор, неговата компанија? Дали мислите дека и во следниот квартал овој човеќ ќе даде се од себе за да го освои следното наградно патување?
- Воведете и годишно наградување за најдобрите работници. На ѕвездите платете им луксузен годишен одмор на море. All inclusive аранжман. Нека одмораат и уживаат на ваш трошок.
- На месечно ниво, иницијативите и наградите од овој тип нека бидат поскромни. Нека опфаќаат вечера за двајца, нов мобилен телефон, лап топ компјутер, часовник, билети за концерт или за важен спортски натпревар.
- И она што е секако најважно – обидете се да дознаете кои се мотивите кои ги движат вашите вработени. Можеби некој сака да работи од дома… да има лизгачко работно време… да има место на кое ќе го паркира својот автомобил или велосипед… Ако задоволувањето на дел од овие желби на вработените не ве чини многу… Зошто да не ги направите вработените среќни?
Овие иницијативи се привлечни. Го развиваат натпреварувачкиот дух кај работниците. Ги вадат нивните најсилни мотиви за докажување.
Треба ли повторно да се потенцира значењето на јасноста и транспарентноста. Јасно дефинирајте што треба да направат работниците, за да може да ја добијат наградата. Ако јасно ги дефинирате правилата, работниците нема да се жалат што само еден човек континуирано ги освојува вредните награди. Па тој го заслужува тоа. Го заслужува с својата работа и со своите резултати. Ова е фер и коректно.
За да ги елиминирате пак неријателството и зависта во ова натпреварување обезбедете и утешни тимски награди. Вечера или забава за целото одделение. Тим билдинг активности. Викенд во некој туристички центар.
Овие забави вон работното време можете да ги поврзете и со некоја обука, бреинсторминг сесија или тимска средба за градење на стратегијата за следниот период. Не штедете на овие работи. Пресметајте ги во вашиот буџет. Предвидете го овој трошок. Прилагодете ги се разбира на можностите на вашата компанија. Ќе се изненадите колку може да бидат ефикасни овие мотивaциски алатки.