Секоја компанија, со своите клиенти комуницира преку четири главни маркетинг алатки :
- Лична продажба
- Адвертајзинг
- Продажни промоции и
- Публицитет.
Менаџерите на продажба, се луѓето кои имаат задача да ја менаџираат (планираат, организираат, координираат и водат) личната продажба.
А личната продажба всушност е комуникација, која компанијата ја прави со своите клиенти, преку платениот персонал, продавачи.
Притоа, менаџерите за продажба се одговорни за менаџирањето на стратегијата (планирањето) на личната продажба, како и за организирање, водење и контролирање на луѓето кои директно ја извршуваат оваа функција.
Бидејќи – продажните менаџери се неопходни во процесот на регрутирање, селекција, обука, мотивирање, евалуирање и контрола на продавачите, тие едноставно мораат да знаат да се однесуваат и комуницираат со луѓето.
Основните задачи на продажниот менаџер може да се сведат на следните четири точки
- Дефинирање на стратегијата за продажба
- Развивање на продажниот персонал
- Водење на продажната сила
- Одредување на ефективноста и перформансите на продажниот персонал