Организациите имаат потреба од соодветни и квалитетни луѓе, кои ќе ги спроведуваат задачите, и ќе ги испорачуваат производите и услугите. Менаџерот за човечки ресурси има основна задача да ги привлече, обучи и постави луѓето на вистинските позиции. Секако, со еволуцијата на очкувањата на вработените и задачите на менаџерите за човечки ресурси се менуваат и еволуираат.
Менаџерите за човечки ресурси и понатаму остануваат клучните луѓе во една организација кои имаат основни задачи да ги привлечат, регрутираат, обучат и мотивираат вработените лица за да ги испорачаат најдобрите можни резултати на своето работно место. Тие се грижат за селекција на талентите и кандидатите за работа, ги дефинираат програмите за едукација и обука на избраните и ангажирани кандидати, ја следат нивната работа и перформанси, разговараат со вработените, се грижат за палтните списоци, висината на платите и бонусите, ги следат отсуствата од работа. даваат предлози за мотивација.
Во новото време, тие се одговорни и за спроведување и функционирање на програмите и стандардите за безбедност и заштита при работата.
А новото време, пред нив отвара и нови предизвици. Како да се организираат и контролираат вработените кои работат од дома, како оние кои имаат определено (или флексибилно) работно време.
Особено значаен предизвик станува и потребата да се прилагоди и модернизира работното место, за потребите и афинитетите на помладата генерација. Како да се обезбедат идеални услови за работа за вработените родени од 1980 до 2000 година т.н. “millennials”, кои се очекува до 2025 година да бидат 75% од вкупниот работен персонал.
Како да се обезбеди идеалниот и посакуван баланс на работата и личниот живот на вработените, без притоа да се загуби на продуктивноста, ефикасноста и ефективноста.
Како да се овозможи синергија на милениалците со постарата генерација на експерти.