Моделот на Лидерство врз база на ситуацијата (Situation Leadership), е креиран во 1960 година од бихејвиористичкиот научник Пол Херси и авторот Кен Бланчард. Во книгата Менаџмент на Организациско Однесување (1969) се удрени основите на овој модел, кој е базиран на типот на релации (однос) помеѓу менаџерот и членовите на неговиот тим. Овој однос може да покаже неколку форми, зависно од видот на задачата и вештините и мотивираноста на членовите на тимот. Притоа, се констатира дека најдобрите резултати ќе се постигнат тогаш кога менаџерот најдобро ќе го прилагоди својот стил на менаџирање со спремноста и вештината на членовите на тимот.
Според моделот на Лидерство прилагодено на ситуацијата, се препознаваат четири основни стила на управување.
- Поддржувачки. Се применува во ситуации во кои луѓето ги имаат потребните компетенции и вештини, но немаат самдоверба или желба да превземат одговорност. Во таква ситуација менаџерот сугерира идеи и предлози и помага во процесот да се донесат одлуки.
- Делегирачки. Во ситуации во кои вработените ги имаат сите потребни вештини и искуство и мотивација. Менаџерот го надгледува нивниот прогрес и перформанси, но им дава и висок степен на слобода во носење на одлуките.
- Продавање. Во ситуации во кои на вработените им фалат вештини и способности, можеби поради тоа што им фали искуство. Но истовремено се многу ентузијастични кон извршување на работните задачи. Во таа ситуација, менаџерот им ги “продава” oдносно објаснува задачите кои треба да се завршат и нуди помош кога е тоа потребно.
- Кажување. Во ситуации во кои вработените немаат доволно вештини, искуство и знаење. А можеби и немаат волја (или не сакаат) да ги извршуваат задачите. Тогаш менаџерот точно објаснува што и кога треба да се заврши – и комплетно го надгледува процесот на извршување.
Според овој модел, менаџерите треба точно да ги измерат компетенцијата и мотивацијата на секој член на тимот. Врз база на тоа мерење како и на актуелната ситуација во која се наоѓа организацијата или тимот, менаџерот треба да се прилагоди стилот на управување.
Овој модел во старт дефинира – дека не постои НАЈДОБАР стил на управување.
Стиловите и односите треба да се прилагодуваат и еволуираат во од.
Така на пример, ако компанијата е во криза – стилот на менаџирање треба да биде подирективен. Да им се даваат јасни насоки и задачи на вработените. Со текот на времето, кога кризната ситуација ќе се надмине, а вработените ќе се стекнат со поголемо знаење и искуство, стилот на управување со овие членови на тимот може да се трансформира во поддржувачки или делегирачки.