Key Performance Indicators (KPI)

86
Фото - freepik

Клучните индикатори за перформансите (КPI) на менаџерите им даваат рамка со која следат колку добро функционираат специфични области во рамки на организацијата, а преку тоа да утврдат и дали и каде има простор за унапредување.

За да ги утврди и соодветно искористи Клучните индикатори на перформансите, менаџерите најпрво треба да ги утврдат и клучните процеси во рамки на органзиацијата кои придонесуваат за нејзиниот успех. Тоа се најчесто производството и продажбата. Во секоја област се поставуваат одредени таргети (цели) кои потоа се проверуваат периодично (дневно, неделно, месечно, квартално). За да утврди дали одредена област од работата била успешна, менаџерот треба да ги спореди целите / со остварувањата.

Преку овие, најчесто математички индикатори, менаџерите имаат можност брзо да утврдат кои области во компанијата функционираат добро, а на кои им е потребно дополнително внимание и ангажман.

Следејќи ги и статистички показателите низ подолг временски период, менаџерите може да ги утврдат и трендовите, да ја предвидуваат иднината и да превенираат одредени несакани ефекти.