KAI ZEN

32

Бизнис концептот Каи Зен, потекнува од Јапонија, од индустриската експлозија во земјата непосредно по втората светска војна. Во директен превод значи Кai (промена) Zen (добра).

Во основата на концептот е одредбата да се произведува висок квалитет со ниски трошоци. Во организациите кои го применуваат Kai Zen принципот, од менаџерите се очекува континуирано да се прават мали, но значајни промени и подобрување на работната средина со што ќе се подигне нивото на продуктивност и ефективност.

Од вработените исто така се очекуваат предлози со кои би се подобриле процесите во производството, како и во компанијата во целина. Каизен филозофијата има огромен импакт врз Јапонската индустрија, особено онаа во која се применува just in time концептот во производството.