Финансискиот менаџмент е една од најзначајните функции во компанијата. Финансискиот менаџмент во суштина опфаќа – водење на книги и извештаи, планирање, буџетирање, спроведување финансиски контроли.
Финансвите менаџери се трудат сите посериозни деловни одлуки, да се базираат на финансиски одржани основи.
Клучната задача на оние кои се занимаваат со менаџирањето со финансиите е да се води континуирано следење на влезовите на финансиски средства (преку продажба, кредити) и излезите на финансии од компанијата (преку плаќање на трошоци, плати, дистрибуција, инвестиции).
Оваа задача во помалите компании ја вoди финансискиот менаџер, додека во поголеми корпорации за менаџментот на финансиите се грижи комплетен сектор или одделение.