Stellantis отпушта 3.000 работници!

48

Италијанскиот производител на автомобилите FIAT, Stellantis, објави дека планира дополнително да го намали бројот на работници во Италија за 3.000 луѓе!

Единствената позитивна вест е дека овие 3.000 отпуштања ќе бидат на доброволна основа, што значи дека се избуткани во согласност со синдикатите, а работниците ќе заминат со солидно обештетување.

Дополнително, најголемиот број на работници ќе бидат оние лица ко се приближуваат до пензија.

Најголемиот број отпуштања ќе бидат направени од производните погони.

Малку е чудно што оваа одлука доаѓа во време кога Stellantis преговара со Италијанската Влада за дополнителни субвенции со кои се планира вкупната бројка на произведени автомобили во 2024 година да се зголеми на еден милион, што претставува сериозен скок споредено со минатата година кога аутпутот беше 750.000 автомобили.

Stellantis во моментов вработува околу 43.000 луѓе.

Оваа бројка уште еднаш ги потврди сомнежите на многу економски експерти дека по спојувањето на PSA со FIAT во Групацијата Stellantis, сосема е логично да се очекуваат масовни отпуштања и намалување на бројот на работници. Впрочем, такво нешто можевме да посведочиме и кога PSA го превзема OPEL.

Ако се земе предвид дека, пред само 3 години, во 2021-та, бројката на вработени во FIAT изнесуваше 55.000 луѓе,со новото намалување на бројот на работници, платните списоци во фирмата ќе се намалат за речиси 30%. Дали ова ќе биде крајот во стратегијата за реструктуирање?

Веројатно не…

Реклама