Статистика. Автомобилите се’ полоши и полоши

21

Последните статистички податоци сведочат дека квалитетот на новите автомобили во последната декада е во слободен пад.

Студијата работена за пазарот на автомобили во САД покажува дека во последните 10 години (2011-2021 година), производителите отповикале вкупно 331 милион возила.

Слична е состојбата и во Европа. Ако се земе како репер Германскиот пазар, ако во 2011 година биле отповикани 563.000 возила во 2021 година оваа бројка е зголемена на повеќе од 3 милиони возила (6 пати повеќе), кои морале од најразлични причини да се јават во сервис.

Кои се причините за драстичниот пад на квалитетот?

Според професорот Стефан Брецел, од CAM, еден од најпознатите експерти во индустријата, причината за падот на квалитетот се должи на повеќе фактори :

► Во изминатите 20 години енормно е зголемена техничката комплексност. Својствата за комодитет при возењето и безбедносните системи водат до поголема опасност од дефекти.

► Циклусите на развој на продуктите значајно се намалени во последните 15 години. Силната конкуренција ги тера производителите на возила да лансираат нови модели и погони во се пократко време.

► Развојот и производството се префрлаат на глобалните добавувачи, што ги спречува производителите на возила детално да го контролираат квалитетот на своите процеси и продукти.

► Засилен притисок на трошоците, кој потоа се пренесува на глобалните добавувачи на делови, што пак може директно да влијае на квалитетот на производите и материјалите од кои се тие произведени.

► За да ги скратат трошоците и забрзаат времето за развој, производителите мора да ги користат заедничките делови или модуларни стратегии. Како резултат на тоа, ако подоцна се открие дефект во некој модуларен систем, тоа автоматски значи повлекување на милиони возила во сервис.

Реклама