Староста на возниот парк во Америка на рекордно ниво

78

Според последните информации објавени од Bloomberg, старостa на возниот парк (просечната старост на возилата) во САД изнесува 12,1 година.

Ова е и новиот рекорд во Америка.

Минатата година, просечната старост на автомобилите во оваа земја беше 11,9 години.

Дел од причините за ваквата состојба се – пандемијата, недостатокот на полупроводнички чипови кои ја успорија испораката на нови возила, повисоките цени…

Според експертите – ваквата состојба им одговара на сите.

За производителите на возила и дилерите на нови автомобили, ова е сигнал дека возилата се приближуваат до својот крај на експлоатацијата, што би требало во следниот период да ја зголеми продажбата.

За сервисите, исто така, зголемената старост на возниот парк, значи – повеќе дефекти, повеќе нега, повеќе клиенти и промет во нивните работилници.