Старее возниот парк во Германија

43
Фото - Хамбург. Возниот парк во Германија постар од 9 години

Според последните информации, просечната старост на возниот парк (возилата) во Германија изнесува 9,6 години и по овој параметар лулката на автомобилската индустрија заостанува зад неколку европски држави.

Најдобар на оваа листа е Луксембург со возен парк со просечна старост од 6,4 години, Велика Британија (8 години), Австрија (8,2), Италија (8,4), Франција (9).

Дополнително 23,4% од граѓаните возат возило постаро од 15 години а 9,7% постаро и од 20 години.

Логично, Германците во овој податок гледаат можност, преку субвенции и поддршка да го подмладуваат возниот парк во државата со што директно ќе ја помагаат и домашната автоиндустрија која е ставена на респиратори.