Според Касами, во Владата ќе имаат шест Министри и претседател на Собранието

18

Во интервјуто за 360 степени, Билал Касами, претседателот на партијата Беса, која пак е дел од коалицијата Вреди, изјави дека преговорите со ВМРО ДПМНЕ течат коректно и се очекува многу брзо да се финишираат деталите.

Она што е извесно е дека Вреди треба да добие пет министерски позиции, плус еден Министер без ресор.

Според него, договорено е уште и Претседателот на Собранието да биде од Вреди.

Покрај клучните министерски позиции, во тек се преговорите и за директорските места и позициите во пониските ешалони.

Како што вели Касами, најверојатно едно од министерствата со кои ќе раководат ќе биде она за евроинтеграции (кое сега треба да прерасне во Министерство… досега беше Комесаријат), а веројатно ќе го имаат и министерството за екологија.

Реклама