Специјализација на работните места

70
Фото -Freepik

Кога работниците континуирано извршуваат еден мал дел од вкупниот работен процес – зборуваме за метод на специјализација.

Една од најпознатите корпорации која го практикува процесот на специјализација е ланецот на ресторани McDonalds. Во рестораните на брза храна, работниците обично се специјализираат во вршење на една задача. Едни работници ги примаат порачките и вршат наплата, други ги процесираат (полнат послужавниците со сендвичи, помфрит и пијалок), трети се специјализирани да ги подготвуваат сендвичите.

И работните процеси се точно дефинирани, разработени до детали (точно се знае колку минути се пече и подготвува месото, колку и како се греат лепчињата)…

Во процесот на специјализација, многу помага и технологијата. Креирани се посебни машини кои работата дополнителлно ја олеснуваат – на пример полнењето пијалоци е целосно автоматски. Работникот ја става чашата под дозерот, притиска копче кое ја полни чашата со пијалок, согласно избраното – средна или голема доза на сок.

Истото се случува и во ланците на пицерии Dominos, каде процесите се дефинирани, точно се знаат дозите брашно, доматен сос и останати намирници, а по креирањето на пицата – истата проаѓа низ печка со подвижна лента во која се врши прецизно и точно печење на пиците, со што се гарантира и идентичен вкус во сите ресторани во светот.

Главната предност на процесот на специјализација се состои во тоа што работниците полесно и побрзо се обучуваат да ја вршат својата работа.

Специјализацијата има и свои маани – кои главно се манифестираат преку здодевноста на работата која во континуитет се повторува, досадата го намалува задоволството на работниците, па поради тоа тие често ја напуштаат својата работа, барајќи некои нови искуства и задачи.

Но, бидејќи процесите лесно се учат, менаџерите можат лесно да најдат нови работници кои ќе ги заменат оние што заминале и притоа ќе даваат помали плати, бидејќи не се работи за специјалисти, со големи вештини и познавања.