Solaris ќе испорача 14 автобуси на електричен погон во Данска

86

На почетокот на Октомври оваа година, Solaris потпиша договор за набавка и испорака на 14 би-артикулирани (со две т.н.армоники) автобуси на електричен погон, со два мотори и батерии од 700 kWh.

Автобусите се наменети за Дански Алборг, а интересни се поради својот уникатен изглед и конфигурација.

Овие возила со должина од 24 метри се наменети за Bus Rapid Transit (BRT) линијата во Данскиот град.

Ова се првите модели Urbino 24 MetroStyle, испорачани на електричен погон.

За прв пат овие автобуси, опремени со бројни безбедносни системи беа прикажани во 2019 година.