Со новиот систем LIQUI MOLY до 25 милиони адитиви годишно

51

Германскиот производител на масла и адитиви LIQUI MOLY го пушти во функција новиот погон за производство на адитиви во Улм. Ова е уште една инвестиција со која се планира да се оствари планираниот промет од 1 милијарда евра.

Со новата машина во Улм, компанијата го зголемува својот капацитет на производство од 346.000 на 481.000 лименки адитиви – неделно, a на годишно ниво капацитетот ќе порасне на 25 милиони парчиња.

Новата инвестиција во новата зграда изнесува 8 милиони евра, но таа нема да предизвика намалување на бројот на работници, напротив се очекуваат нови вработувања во Liqui Moly.