Статистичките податоци велат дека бројот на сообраќајни незгоди кои завршуваат фатално е за 27 пати поголем кај моторциклистите отколку оние кои се возат во автомобил.
И тоа е веројатно сосема логично, ако се земе предвид фактот дека во автомобилите сте сместени во железен кафез, со дополнителни системи за активна и пасивна безбедност.
Па сепак, има некои работи кои можете да ги направите за да го намалите ризикот кога управувате моторцикл. Еден од главните фактори на безбедност е кацигата. Во едно истражување во Америка, е докажано дека 1.772 животи во 2015 година биле спасени само затоа што мотористите имале шлем (кацига) на главата. Дополнителни 740 животи би биле спасени само доколку мотористите имале кацига на главата.
Разлики во смртноста има и кај различните видови моторцикли. Така на пример суперспортските моторцикли кои се полесни и развиваат поголеми брзини се за 4 пати пофатални од обичните моторцикли и крузери.