01/10/2022
spot_img
домаАвто ВестиШто да правите ако со автомобил упаднете во вода?

Што да правите ако со автомобил упаднете во вода?

Веројатно сте изгледале многу филмови, во кои главните протагонисти, наеднаш ќе се најдат со својот автомобил во вода.

Застрашувачка ситуација, нели…?

Сте се запрашале ли можеби, што треба да направите ако и вие се најдете во таква ситуација? Возите и наеднаш го губите тлото под тркалата на вашиот автомобил, влегувате во езеро и водата надоаѓа од сите страни…?

Логично, во оваа како и во сите животно загрозувачки ситуации од овој тип, најважно е да останете присебни и да реагирате најбрзо што можете.

Како што можете да видите и во видеото, совет на експертите во ваква ситуација е :

  • прво, да останете присебни
  • второ, веднаш да го отклучите безбедносниот појас,
  • трето, излезете што е можно побргу од возилото. Тоа веројатно ќе мора да го направите преку страничните прозори. Ако можете – отворете ги прозорците додека водата сеуште не навлегла во внатрешноста… Ако не – добра алатка што треба да ја носите со вас е оној мал уред со кој можете да го скршите стаклото, во случај на опасност. Погледнете го видеото за да видите како тоа изгледа во живо. И… излегувајте.. Што побргу.
  • четврто, ако има уште некој во автомобилот, помогнете му и нему (предност секако имаат деца) да излезат преку прозорите.

Во случај автомобилот да упадне во длабока вода, целата оваа операција треба да ја завршите за помалку од минута. Затоа, бидете присебни и подготвени.

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...