Shell затвара бензински пумпи

54

Од светскиот нафтен гигант Shell, најавуваат дека компанијата ќе затвори (продаде) 1000 бензински пумпи во светот. Од овие 1000 пумпи, 500 ќе бидат оттуѓени оваа, а другите 500 во следната година.

Дополнително, се најавува дека компанијата ќе направи дополнителни вложувања и ќе отвора нови станици за полнење на струја за електричните автомобили.

Според едни, ова е сериозен пресврт во стратегијата на Shell и најава за префрлањето кон други, обновливи извори на енергија, додека според други извори, се работи само за маркетиншки трик, со кој компанијата кокетира со оние кои сметаат дека фосилните горива се најголемото зло на денешницата…

Од друга страна, сведоци сме дека продажбата на електричните возила, не оди со планираното темпо и истите се повеќе ја губат популарноста кај своите сопственици поради многу причини, како што се – сеуште ограничениот домет со едно полнење, недоволно развиената мрежа на полначи, цената на одржувањето и сервисот, падот на вредноста на користените автомобили на електричен погон..

Реклама