Секои три минути умира по една фирма во Германија

15
Фото - Freepik

Последните статистички податоци од економијата во Германија се во најмала рака фрапантни.

Според угледниот магазин Билд, минатата година во Германија згаснале 176.000 фирми, што значи дека на секои три минути се затварала по една компанија во домашната економија.

Најранливи се покажале компаниите од градежништвото, како и од индустријата (производство).

Како главни причини за тоа се наведуваат повисоките трошоци за енергија, поголемата и пожестока конкуренција од странските земји како што е Кина, недостатокот на квалификуван кадар…

Повеќе затворени од отворени старт апи

Во малиот бизнис и претприемништвото, ситуацијата е уште посериозна. 2023 година ќе биде втората година по ред во која повеќе стартапи згаснале отколку што се отвориле нови, што не се памети во модерната историја на Германија.

Експертите велат дека е се помала бројката на луѓе кои сакаат да се самозапослат, поради огромните ризици кои владеат на пазарот, а оние пак кои се експерти, не се решаваат да отворат сопстен бизнис, бидејќи во сегашната економија лесно наоѓаат добро платена и релативно безбедна работа.

Реклама