01/12/2022
spot_img
домаАвто ВестиСе враќа легендарната Renault 4-ка

Се враќа легендарната Renault 4-ка

На Саемот за автомобили во Париз, еден од најфотографираните модели е концептниот модел на легендарната 4-ка.

И тоа е веројатно сосема логично, ако се земе предвид дека овој автомбил кој се произведуваше од 1961-1992, се продаде во фантастични 8 милиони единици.

За почеток, се работи за концепт под работно име Renault 4EVER Trophy, кој според изгледот, веројатно ќе биде компактен SUV на електричен погон, кој сигурно ќе ги смири агресивните дизајнерски елементи во моментот кога 4-ката ќе влезе во сериско производство.

Концептот Renault 4EVER Trophy, според димензиите веројатно ќе настапува во B-SUV сегментот, а издигнат е и 200 мм од земјата и има теренски пневматици кои му го даваат дополнително агресивниот SUV изглед.

Што се однесува до конкретните димензии тие се моделирани на следниот начин – 4.160 mm во должина, 1.950 mm широчина, и висина 1.900 mm, а меѓуосовинското растојание е 2.570 mm.

Очекуваме повеќе информации околу перформансите на автомобилот, батериите и евентуалните рокови за трансформација од концептен во модел подготвен за сериско производство.

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...