Се спремивте? Ставивте зимски гуми?

67

Метеоролозите најавија дека овие денови ќе имаме ниски температури и врнежи на снег.

А тоа, повторно го актуелизира прашањето дали ставивте зимски гуми на вашето возило?

Согласно нашиот закон, зимските гуми не се задолжителни, ако имате доволно длабока шарка на гумите и содветни ланци за снег во багажникот. Но, ние, искрено ви препорачуваме на вашето возило да си ставите зимски гуми.

Која е разликата помеѓу летни и зимски гуми

Најчесто, возачите кои не се доволно упатени, сметаат дека зимски гуми им требаат само ако возат на снег или мраз. Па ако не планирале зимување и пат во планина, сметаат дека зимата може да ја поминат со летните гуми.

Се разбира.. тоа е погрешно.

Зимските гуми може и во градски услови да ви дадат спокојни и безбедни возења, како и да ве спасат од незгодни сообраќајни незгоди. Само земете го фактот дека прагот (линијата) на кочење кога имате зимски наместо летни гуми е двојно помала ако сопирате на брзина од 40 км на час.

Зимските гуми не се препорачуваат само за возење на снег, туку за сите површини и патеки, кога температурата ќе падне под 7 °C. Зимските гуми имаат специјален состав, материјали со својства, кои им даваат можност на пневматиците да останат меки и при екстремно ниски температури, а обично тие имаат и подлабоки шари кои овозможуваат гумата подобро да се прилепи на патот и соодветно да има подобри својства на сопирање, управливост, aквапланинг и влегување во кривини.

Се разбира, постојат на пазарот и гуми за сите сезони (All Season), кои можете да ги користите во сите годишни времиња. Но бидејќи истите се добиваат како резултат на оптимизирање на својствата, овие пневматици никогаш нема да ви ги обезбедат најдобрите перформанси – кочење, управување, влегување во свиоци, аквапланинг…

Затоа, наш совет е да си изберете по еден сет (летни и зимски гуми) кои ќе ги менувате, ротирате и балансирате пред секоја сезона.

Ако ве интересираат цените, можете да го посетите сајтот на Ауто Тренд, кои ги нудат гумите од Групацијата Good Year (Good Year, Sava, Dunlop, Fulda, Debica, Diplomat) и Pirelli.