СДСМ ќе бира нов лидер на 30 јуни

15

Според информации од партијата, по повлекувањето од функцијата на претседателот Димитар Ковачевски,Извршниот одбор на СДСМ донесе Одлука за распишување вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ на 30 јуни 2024 година (недела).

Засега, своја кандидатура за лидерската позиција, активно пропагираат Славјанка Петровска, министерот за одбрана во заминување, и Јован Деспотовски, директор на слободните економски зони.

Реклама