Ротација на работните места

61
Фото - Freepk

Големите корпорации, главно поради економичноста вршат специјализација на работните места. Со овој процес, работниците се обучуваат да вршат еден мал дел од целиот работен процес, кој континуирано го вршат и повторуваат.

За ова пишувавме и претходно.

Но еден од главните проблеми на процесот на специјализација е што работниците повторувајќи ги секојдневно своите исти задачи, се заситуваат, прегоруваат и решаваат да ја напуштат компанијата.

Поради тоа, компаниите решаваат да воведат ротација на работните места.

Ротацијата претставува периодично префрлање на работниците од една на друга задача со што ќе имаат малку поразноврсна работа, но ќе имаат и повеќе специјалности.

Типичен пример на ротација е кога во една фабрика за автомобили, менаџерите ги ротираат своите работници – кои во првата половина на денот монтираат на пример врати, а в втората се грижат за монтажа на браници.

На тој начин работниците иако остануваат тесно специјализирани, ја разбиваат монотонијата со што се зголемува и нивното задоволство на работното место