05/10/2022
spot_img
домаАвто ВестиРоналдо си купи ново милениче на тркала

Роналдо си купи ново милениче на тркала

Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо, ова лето, беше и сеуште е најголемата вест во светот на спортот.

Направи спектакуларен трансфер и се врати во клубот во кој започна да ја гради својата светска слава, Манчестер Јунајтед.

И во првите неколку натпревари за својот старо-нов клуб успеа да постигне четири гола, со што целосно го засени стартот на неговиот вечен противкандидат за титулата Фудбалер на годината, Аргентинецот Меси кој замина од Барселона во ПСЖ.

Роналдо, живее спортски, инвестира умно, но на јавноста и е добро познат и по неговата пасија – по добри, суперлуксузни и спортски автомобили.

Слободната проценка вели дека во гаражата на Роналдо одмараат автомобили во вкупна вредност од околу 20 милиони евра.

Во неговата колекција се вбројуваат неодамна купената Ferrari Monza со вредност од околу 1.6 милиони евра, 2.5 милиони вредниот Bugatti Chiron и 2 милиони вредниот Bugatti Veyron Grand Sport.

А неодамна, Португалскиот суперстар пристигна на тренинг со својот нов Bentley Flying Spur, синоним на Британската луксузна автоиндустрија.

Супер луксузниот автомобил на Британскиот Bentley, кој се проценува на “скромни” за горенаведените модели, 190.000 евра.

Flying Spur може да се избере во две варијанти, со 6.0 литарски W12 мотор (кој од 0 до 100 километри на час забрзува за само 3,7 секунди) или со 4.0 литарски V8 мотор (4,1 секунди).

А тоа, значи, дека оваа луксузна лимузина дава подеднакво ниво на адреналин и уживање (и ако го управувате сами или ако се наоѓате на задните седишта).

Роналдо, на папарацо сликите, беше уловен, на возачкото седиште, секако…

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...