RIMAC го започнува мегапроектот во Загреб

100
Фото - Freepik

Основачот на компанијата за автомобили, Римац Аутомобили, изјавил за хрватските медиуми дека го започнува мегапроектот во Загреб кој треба да чини околу 454 милиони евра.

Со проектот се предвидува создавање и одржување на мрежа на автономни такси автомобили на електричен погон.

Римац започнува со изградба на парк, плоштад, просторија и полначи на струја кои треба да бидат позиционирани на Сава. Оваа локација ќе се нарекува Центар за мобилност, и во него освен функционалната задача (да се полнат со струја такси возилата) ќе има и едукативна задача – да ги едуцира сите заинтересирани за најновите технолошки остварувања.

Распишан е официјален повик, пристигнуваат архитектонски решенија, а објектите треба да бидат изградени до крајот на 2022 година. Такси службата со т.н. робо такси возила треба да почне да функционира во 2024 година.