01/10/2022
spot_img
домаАвто ВестиРекорден квартал во продажбата на половни возила во Британија

Рекорден квартал во продажбата на половни возила во Британија

Според последните статистички податоци, во вториот квартал од 2021 година (април-јуни), продадени се 2,167,504 користени возила на Британскиот пазар.

Во споредба со истиот пандемиски период во претходната година, оваа бројка претставува пораст од 108,6%.

Оваа бројка е за само 1.095 возила, помала од бројката на продадени користени возила во Q3 од 2020 година (кој истовремено е и рекорден квартал на Британскиот пазар на половни возила).

Како причина за овој своевиден бум во продажбата на користени возила се наведуваат – проблемите со микрочиповите, кои предизвикуваат проблеми во дистрибутивниот ланец за авто дилерите и продолжен рок на испорака на возилата.

Дополнително, како причина се наведува и укинувањето на рестриктивните мерки кои ги извадија луѓето надвор од своите домови, како и зголемената потреба на граѓаните за лична мобилност. Потребата да се поседува сопствен автомобил се зголемува бидејќи фирмите ги бараат своите вработени назад на работните места со физичко присуство, а луѓето сеуште се загрижени и исплашени да патуваат со јавен транспорт.

Само 12,7% од продадените возила се помлади од три години, а 96,4% од користените возила имаат бензински или дизел мотори.

Експерти велат дека е потребно да има жив пазар на користени возила, бидејќи на тој начин се одржува остаточната вредност на возилата, што пак позитивно влијае врз купувањето на нови возила.

Она што треба да се случи сега, е да се оствари сличен скок и во продажбата на нови возила, за да може да се избалансира негативниот ефект кој постарите возила го оставаат врз екологијата и воздухот.

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...