Размислувате за електрични камиони? Volvo ви помага со совети

60

На веб страната на Volvo Тrucks, беа поставени неколку дилеми и одговори, доколку и вие за вашата компанија планирате да набавите камиони на електричен погон за испораки во градот.

Во продолжение дел од нив.

Каков вид на транспортни задачи извршувате?

Поради ниската бучавост и стандарди на загадување, електричните камиони се идеални за работа во урбани средини. На приимер за превоз на отпад или за мали градежни зафати.

Колкав товар носите?

Колкуе поголем товарот што треба да го пренесувате, толку се поголеми батериите во камионите. Тоа, логично ја намалува корисната носивост на камионот, па треба да се има предвид кога го правите вашиот избор. Со регулативата на ЕУ дозволено е камионот да се претовара до 1 тон (повеќе од дозволеното) како компензација на зголемената маса на возилото – поради потешките батерии кои ги носи.

Колку далеку треба да патувате?

Електричните камиони засега минуваат од 70 до 300 км, со батерии кои биле наполнети преку ноќ. Ако треба да се минуваат подолги релации, треба да се земаат предвид попатни станици за полнење на батериите, за да не останете без енергија.

Ќе имате ли дополнителни бенефити?

Во земјите од ЕУ, постојат субвенции и бенефиции. Поради ниската бучавост и еколошка предност, логично е да се очекува дека компаниите со флота на електрични камиони полесно ќе може да се договараат и склучуваат договори со државни институции. Не треба да се заборави фактот и дека одредени градови, пред се во ЕУ, имаат и црвени зони во кои е забрането движење на постари камиони со постари стандарди на издувната емисија.

На крајот, компаниите со флоти на електрични камиони, ќе профитираат и преку зајакнување на брендот, особено во средините во кои е значајна заштитата на животната средина.

Ако сето тоа се собере, предностите се големи… но дали инвестицијата ќе се исплати на долг рок (имајќи предвид дека електричните возила се сеуште многу поскапи од традиционалните) – тоа е сеуште под знак прашалник.