Расте учеството на увезени електрични автомобили од Кина

82
Фото - Freepik

Според официјалните статистички податоци, во првите четири месеци од 2024 година, околу 40,9 отсто до вкупната бројка на увезени електрични автомобили во Германија доаѓаат од Кина.

Ако се земе предвид дека минатата година, учеството на Кинеските електрични автомобили во вкупниот увоз на електрични автомобили изнесувала 29 отсто, јасно е дека овој тренд е во сериозен пораст.

Тоа е и една од главните причини поради кои Економската Комисија, побара сериозни царини за електричните автомобили кои доаѓаат од Кина со што би се заштитило европското производство.

Реклама