Работна облека со греачи

43
Фото - Мilwaukee

Производителот на алат, Milwaukee за своите клиенти подготви специјална серија на работна облека, идеална за работа надвор во зимските температури.

Се работи за линија на јакни, дуксери, џемпери и маички кои имаат вградени греачи во себе и за многу кратко време може да го загреат телото на своите сопственици. Оваа облека, според производителот, може без проблем да се пере и суши.

Затоплувањето доаѓа преку специјални карбонски влакна кои се вткаени во материјалот, позиционирани на најважните делови од телото кои треба да бидат загреани, а енергијата доаѓа од литиум јонска батерија која преку усб се полни на обичен електричен приклучок.

Наполнетата батерија од 3.0 Ah би требало да обезбеди загреана облека во период од 8 часа.

Дополнително, на облеката имате можност рачно да го изберете и нивото на загревање на облеката.